Екстрадицијата на Грујевски и Бошковски може да трае со месеци

by fokus

Неколку месеци би можела да трае процедурата за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои вчера беа уапсени од грчките власти, при обидот да излезат од Грција.

Според процедурата, Министерството за внатрешни работи треба да го информира Министерството за правда кое треба да започне екстрадициската постапка. Ова министерство треба да го испрати преведен материјалот од обвинителните акти кои СЈО ги поднесе против Грујевски и Бошковски. Врз основа на тие докази, грчките власти треба да одлучат дали ќе ги екстрадираат приведените.

Во просек ваквите постапки траат од три до шест месеци, а за тоа време бегалците се наоѓаат во екстрадиционен притвор.

Сепак праксата покажува дека ваквите постапки може да траат и многу подолго, како во случајот со екстрадиција на бегалецот Сулејман Османи кој беше упасен во Косово откако избега по нападот во Гошинце. Процедурата за негова екстрадиција траеше цела година.

В.В.

Поврзани новости