Едно момче тешко повредено во тепачка во Драчево

by fokus

СВР Скопје извести дека денеска околу 17 часот се случил голем инцидент во скопската населба Драчево, во кој едно момче е тешко повредено и е згрижено на скопските клиники.

Засега е познато дека тепачката се случила кај поштата во населбата и во неа учествувале осум момчиња. Некои од нив користеле ножеви и огнено оружје. Повреден е Д.Т. (1993) од Скопје, а останатите учесници во тепачката избегале.

Поврзани новости