Една убиена сопруга, две за влакно ја избегнале смртта, а 161 биле претепани

by Fokus

Во првото полугодие од 2017 година од областа  на семејното насилство поднесени се кривични пријави за вкупно 384 сторители, информираа од МВР.

Според информации од полицијата, 94 отсто од сторителите на кривичното дело се мажи, а во најчест случај извршителот на семејното насилство е сопруг дури во 161 од случаите, син во 84 од случаите и татко во 21 од случаите на пријавено семејно насилство.

Најранлива категорија во семејното насилство и понатаму дури во 75% се жените, а покрај нив жртви на семејно насилство се и родителите и децата. Според начинот на извршување најзастапено е физичкото насилство дури во 323 од случаите, 17 случаи на физичко насилство со ладно оружје и во еден случај со употреба на огнено оружје. При семејно насилство на жртвите во  58% од случаите им се нанесени телесни повреди, а во 39% од случаите се работи за кривично дело ,,загрозување на сигурноста,,. Најчесто семејните насилства се извршени во состојби на растројство и тоа во 164 од случаите

Во дадениов период регистрирано е едно убиство на сопруга и два обиди за убиство.

Поврзани новости