Еден од обвинети за мито од Економскиот факултет имал сообраќајка, судењето за „Еразмус“ се одложи

by fokus

Асистентот Драган Денковски, обвинет во случајот „Ерзамус“ заедно со уште неколкумина универзитетски професори од Економскиот факултет во Скопје за земање на мито, неодамна имал сообраќајна несреќе, поради што денеска во Кривичниот суд се одложи судското рочиште.

Адвокатот на Денковски достави медицинска документација, за да го оправда неговото отсуство, по што судењето се одложи за 26 февруари. Исто така судењето се одложи и бидејќи отсега, по новиот годишен распоред, овој предмет е во рацете на судијата Владимир Туфегџиќ, на кој му е потребно време да се запознае со истиот.

Во октомври 2016 година, Обвинителството до судот поднесе обвинение против шест лица, меѓу кои поранешниот декан Бобек Шуклев, кои се обвинети дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание, злоупотреба на службената положба и овластување и давање поткуп.

В.В.

Поврзани новости