ДВОЈНИКОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ БАРА МЕНАЏЕР ВО МАКЕДОНИЈА

by fokus

Српскиот поп пејач Андреј Дориќ, кој што во соседството е познат како двојник на легендарниот Тоше Проески, бара менаџер од Македонија. Дваесетидвегодишниот музичар од Нови Сад, кој што ја започна својата музичка кариера пред околу пет години, инспириран од својот идол Тоше, вели дека сон му е да биде дел од  македонската сцена, и веќе извесен период со својот бенд ,,Солд Аут,, се трудат да го освојат нашиот пазар.

thumbnail_andrej-doric1,,Целата моја приказна на некој начин започна во Македонија, со вашиот, но и наш миленик Тоше. Јас отсекогаш ја сакав музиката, затоа и се запишав во средно музичко училиште, отсек соло пеење. Во тинејџерските години, започнаа споредбите со Тоше, многумина ми кажуваа дека личам на него, што секогаш ми беше комплимент. Во времето кога веќе наполнив осумнаесет години, споредбите стануваа се почести, за време на мои настапи во клубови ми приоѓаа љубопитни луѓе и ме прашуваа да не сум роднина на Проески. За жал, никогаш ја немав можноста да го запознаам мојот идол, но воден од неговото дело, од неговата хуманост и харизма, јас на некој начин си го пронајдов мојот пат и се посветив професионално на музиката. Веќе снимив шест песни, работам и на нови материјали кои што наскоро треба да бидат промовирани,, – вели Андреј. Тој додава дека неколку пати веќе имал настапи во Македонија, и бил одлично прифатен од публиката.

thumbnail_andrej-doric3,,Пред четири години стапив во контакт со композиторот Григор Копров, кој што ми напиша песна на македонски јазик. Со ,,Ладна безобразна,, настапив на фестивалот ,,Охридски трубадури 2012,, и го освоив третото место од публика и жири комисија. Веднаш сфатив дека во Македонија има одлична публика, топол народ кој што направи да се чувствувам добредојден. Се запознав и со вашиот пејач Александар Белов, се родија и многу други пријателства. Дефинитивно, би сакал често да доаѓам и да настапувам кај вас, затоа и барам менаџер од Македонија. За сите оние кои што можеби ќе прокоментираат дека се обидувам да го заменам Тоше, би кажал дека такво нешто не е можно, јас сум сепак Андреј, а Тоше беше еден и единствен и нема замена за него. Секој со својата судбина и својата ѕвезда водилка,, – раскажа за ,,Фокус,, Дориќ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости