Две третини од Грците се против терминот Македонија да биде дел од името на државава

by Фокус

Ρечиси седум од десет Грци не се согласуваат терминот Македонија да биде вклучен во името.

Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија. Позитивен одговор дале само 23.6 проценти од анкетираните .

Од оние кои одговориле негативно на прашањето за терминот Македонија, според резултатите, 63 отсто се гласачи на владејачката СИРИЗА, а слична е климата и кај оние кои на изборите во 2015 гласале за опозициската Нова демократија, со оглед дека 67 отсто од нив се против зборот „Македонија“.

Поврзани новости