Дванаесет македонски спортистки се разголија

by fokus

Дванаесет македонски спортистки се разголија и го покажаа својот сексапил за потребите на снимањето на календарот за 2018 година на компанијата Пелистерка. Дел од нив се џудистката Бетна Шерифовска, фудбалерката Наташа Андонова, кошаркарката Едина Муса и уште девет други.

Промоцијата на провокативниот календар ќе се случи денес во 11 часот во хотел Мериот во Скопје, а неговото мото годинава е – Вода за најдобри!

Ова не е прв пат Пелистерка да направи календар со наши спортистки во секси издание. Пред две години јавноста уживаше во календарот со провокативни пози на ракометарките на ЖРК Вардар. Идејата била да се покаже дека жените во исто време можат да бидат женствени и силни.

Лани заштитно лице беше хрватската поп пејачка Северина.

Вики Клинчарова

Поврзани новости