Двајца скопјани вчера биле нападнати од кучиња скитници

by fokus

Маж и девојка, на две различни локации во Скопје, во текот на вчерашниот ден биле нападнати од повеќе кучиња скитници. Мажот бил каснат за левата потколеница, а девојката за десната нога.

-На 16.03.2018 година во 10,00 часот Полициската станица Центар М.С.(59) пријавил дека истиот ден околу 07,15 часот на улицата “Лазар Личеновски“ бил нападнат од четири кучиња-скитници и бил каснат за левата потколеница. На М.С. му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести при комплексот клиники “Мајка Тереза“.

На 16.03.2018 година во 14.20 часот во Полициската станица Центар Ј.С.(25) пријавила дека на 15.03.2018 година околу 22,00 часот на улицата “Трифун Хаџијанев“ била нападната од неколку кучиња-скитници а едното од нив ја каснало за десната нога. Ј.С. побарала лекарска помош во комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Поврзани новости