Двајца разбојници му се заканувале со нож и шрафцигер на Србин и го ограбиле

by Fokus

Двајца разбојници ограбиле Србин и му одземале 415 евра и 2.500 денари, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 17.00 часот во Полициската станица Кавадарци, В.Ѕ.Т. (24) од Република Србија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз него. Тој застанал со своето возило на патот Кавадарци – Росоман и кога излегол  од возилото  му се доближиле лицата и со закана со нож и  шрафцигер од торбата му одзеле 415 евра и 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости