Дурловски: Со мирна совест го примив орденот и не ме погодуваат коментарите!

by fokus

Откако денес од страна на претседателот Ѓорге Иванов му беше врачен орден за заслуги за Македонија на Игор Дурловски, директор на МОБ и еден од организаторите на протестите на ,,За заедничка Македонија’’ кои се претворија во брутално насилство, социјалните мрежи се преполни со критики и коментари со неверување и незадоволство.

И покрај тоа што Дурловски го прими орденот во име на МОБ, а Иванов образложи дека орденот и го доделува на таа инситуција поради нејзината улога во „победата на креативноста над деструктивноста и музиката над тишината’’, негодувањата не стивнуваат.

Како Дурловски реагира на критиките од страна на јавноста, дали тие го погодуваат и дали орденот го примил со мирна совест:

,,Ви благодарам што ме консултиравте, затоа што вие од ,,Фокус’’ сте првите кои го прават тоа. Орденот е примен за 70 години МОБ, а не за мене. Во некои медиуми беше се надевам, ненамерно погрешно пренесено. Коментарите не ме погодуваат воопшто, затоа што има поделени мислења, како за се во државава. Мирна совест имам затоа што во времето на моето директорување направив многу за МОБ и не сакам да бидам нескромен, но двојното зголемување на настаните и продукциите и посетеноста, а пред се продукции со европски квалитет и имиња ми дава за право да бидам горд што јас ја имав можноста да го примам’’ – тврди Дурловски.

Мината недела, кога почнаа приведувањата поради насилствата во Собранието, тој преку својот Фејсбук профил соопшти дека нема повеќе да биде дел од организацијата на протестите, но и понатаму ќе им дава поддршка.

Вики Клинчарова

 

 

 

Поврзани новости