ДУИ жали за вооружениот инцидент

by Фокус

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази жалење за вооружениот инцидент кој се случи попладнево во Куманово, а во кој беше убиен нивен функционер, Командант Шчипоња, а двајца членови на ДУИ беа повредени.

ДУИ ги повика надлежните органи што е можно побрзо да го расветлат случајот и изрази сочувство до семејството на убиениот, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

Попладнево во Куманово се случи вооружена пресметка во која беше убиен  Командант Шчипоња (Џемаил Реџепи), кој претендирал за позицијата претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.

Поврзани новости