ДУИ: За албанскиот јазик и за СЈО не правиме компромиси

by fokus

Демократската унија за интеграција е отворена за преговори и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, но под неколку услови за кои велат дека нема да има компромиси.

Официјализирањето на албанскиот јазик, продолжувањето на мандатот на Специјалното обвинителство и забрзувањето на процесот на евроинтеграции, се клучните прашања за кои ДУИ нема да попушти за време на преговорите со било која македонска партија за формирање на новата влада.

Ова се заклучоците од денешната седница на централното претседателство на ДУИ.

Во партиското соопштени тие додаваат дека немаат префериран партнер за преговори, и дека државниот интерес го ставиле над партиските интереси.

Поврзани новости