ДУИ вечерва ќе одлучи со кого ќе коалицира?

by fokus

Откако вчерашните средби на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со потпретседателите на партијата не дадоа резултати, попладнево ќе продолжат таквите средби за да се донесе конечна одлука.

Според неофицијални информации кои излегоа во јавноста, Ахмети сака да оди во коалиција со Груевски, но тоа е неприфатливо за потпретседателите на ДУИ. Сега се бара компрмис, а како опција се споменува коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но Груевски да не биде премиер.

Бујар Османи вчера по средбите во Мала Речица, изјави дека се разгледувале сите опции и добрите и лошите страни на секоја опција. Рече дека не се знае дали до истекот на рокот утре, ќе донесат конечна одлука, бидејќи интересот на граѓаните и државата им бил поважен од роковите.

Поврзани новости