ДУИ: Сочувство до семејствата, штетите ќе се компензираат

by Фокус

Демократската Унија за Интеграција изразува сочувство до семејствата на жртвите кои загинаа за време на поплавите во тетовскиот регион.

Според, партиското соопштение, сите структури на партијата уште вчера се обврзале да останат во близина и да помогнат на жителите погодени од вчерашните поплави во Тетовско.

– Уште сношти, сите структури на Демократската Унија за Интеграција се обврзаа да останат во близина и д помогнат на жителите погодени од вчерашните поплави во Тетовско. ДУИ изразува жалење за причинетата штетата и ги уверува граѓаните дека ќе ги преземе сите мерки за обештетување на штетите предизвикани од поплавите. Апелираме до граѓаните кои имаат материјална штета да ги следат постапките и упатствата кои ќе ги преземат од надлежните органи да се процени штетата – се наведува во соопштението од ДУИ.

ДУИ апелира до сите политички фактори, НВО и медиуми за да изразат солидарност со напорите да им се помогне на жителите и да не се користи природната катастрофа и трагедијата во Тетово за дневни политички цели.

Поврзани новости