ДУИ и ДПА биле повикани на разговор во американската амбасада?

by fokus

Претставници на ДУИ и ДПА вчера биле повикани на разговор во Амбасадата на САД, дознава НОВА. Ова се случило откако во Собранието не беа изгласани законските измени кои ги бараше Специјалното јавно обвинителство.

На седницата на која се гласаше за овие измени, пратениците на ДУИ не се појавија. Потоа амбасадата на САД излезе со став дека целта на СЈО е независна истрага во докажување на правдата и треба да им бидат исполнети барањата.

-Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите, стоеше во соопштението.

Поврзани новости