ДУИ ги почна подготовките за избори, главниот фокус ќе им бидат гласачите од дијаспората

by Fokus

ДУИ го одржа првиот партиски состанок во пресрет на изборите на кои очекуваат да освојат најмногу гласови од албанскиот блок и со тоа повторно да влезат во новата влада.

– Апсолутно демократско право е дека треба да се почитува гласот на граѓаните на Македонија, и ние остануваме на тој курс, дека секогаш гласот на народот е тој што треба да се престави во Собрание или во кои било други институции – изјави Беким Незири, шефот на изборниот штаб на ДУИ.

ДУИ ќе се насочи и кон гласачите во дијаспората од кои очекува голема поддршка.

Поврзани новости