ДУИ: Да се почитува договорот од Пржино и на 24 април да се одржат фер и демократски избори

by Фокус

Генералниот совет на ДУИ проценува дека главните столбови на Договорот од Скопје, значително се спроведуваат и апелира до сите политички партии да се однесуваат одговорно во периодот што следи, така што во најкраток рок да се затворат и преостанатите отворени прашања кои произлегуваат од пржинскиот договор за да се овозможи сигурни, фер и демократски избори.

Од ДУИ велат дека придонесот за една сигурна и позитивна атмосфера е неопходна за организирање слободни и фер избори на 24 април 2016 што треба да резултира со создавање на стабилна и доследна Влада за да има можност меѓу другото да се соочи со евроатлантските интеграции, спорот со името, меѓусоседските и меѓуетничките односи, очекувањата и препораките на Европската Комисија, на самитот на НАТО во јули и бегалската криза на Блискиот Исток.

Тие бараат од надлежните институции надлежни за владеење на правото итно да ги преземе сите мерки за да се расветли докрај случајот „Фабрика за афери” и апелира до своите и до сите граѓани да не подлегнуваат на навредите кои ја „контаминираат јавноста и ги повикува во периодот кој следи да бидат по внимателни кон ваквите навреди и монтирањата кои имаат за цел да ги оцрнуваат личностите на ДУИ и внесуваат поделби помеѓу членството на партијата“.

Еден о усвоените заклучоци на вчерашниот состанок се однесува и на работата на специјалната јавна обвинителка.

– ДУИ ја поддржува непристрасната и транспарентната работа на Канцеларијата на специјалниот обвинител во согласност со законските овластувања и изразува очекување дека ова обвинителство ќе ги превземе во своите овластувања спорните и чувствителните меѓуетнички случаи – се наведува во соопштението.

Поврзани новости