ДУИ: Да се надмине ситуацијата околу изборот на тимот на Јанева

by Фокус

ДУИ повика Советот на Јавни Обвинители, во соработка со Специјалната обвинителка Катица Јанева, да ја надминат настанатата ситуација околу изборот на нејзиниот тим.

„Со взаемно разбирање да дејствуваат во согласност со законот за Специјален обвинител кој што беше усвоен од страна на четирите најголеми политички партии со 111 гласа за“, велат „интегративците“.

Од албанската партија воедно изразија надеж дека политичкиот дијалог во рамките на работните групи помеѓу четирите политички партии ќе продолжи што е можно поскоро.

Поврзани новости