ДС: Да се донесе Закон за Уставниот суд во кој ќе се дефинира одговорност на судиите за кршење на Уставот

by Фокус

Со одлуката на Уставниот суд за укинување на одредби од Законот за помилување, се создаваат законски основи  односно се декриминализира криминал со кој директно се загрозуваат основните демократски и цивилизациски вредности преку слободно кршење на изборните правила од партиските елити, потоа вклучување во нарко бизнисот, тероризам, како и сексуални напади над малолетници се наведува во реакцијата на Демократски сојуз.

Од таму сметаат дека се разрушени темелите на владеење на правото, со што законите нема да важат за сите подеднакво и не е можно да се одржат избори.

– Ако започне процес на аболиција на тие што ја фалсификуваат волјата на граѓаните, тоа ќе предизвика нестабилност во државата и целосна блокада на евроинтеграциските процеси. Предлагаме да се отвори постапка за донесување на Закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради кршење на Уставот или доколку носи одлуки со кои се нарушува владеење на правото или поттикнува на вршење на криминал, а на сегашните судии да им престане мандатот – се наведува во нивното соопштение.

Поврзани новости