Државјанка на Србија загина во сообраќајна несреќа кај Удово

by Fokus

Педесет и шестгодишна државјанка на Србија утринава загина во сообраќајна незгода што се случи на автопатот А-1, делница село Удово-село Марвинци, наспроти селото Јосифово, информираа од МВР.

Според полицијата, несреќата се случи утринава во 9.20 часот меѓу патнички возила „тојота авенис“ управувана од В.С. од Србија и „пежо 308“ управувано од С.П. исто така од Србија. Во сообраќајната несреќа на лице место починала Д.П. сопатник во патничко возило. Смртта била констатирана од страна на екипа од Итната медицинска помош.

Во тек е увидот од страна на надлежните органи.  Сообраќајот се пренасочува по локален пат низ село Удово.

Поврзани новости