Драмскиот театар во Скопје ги намали цените на билетите

by Fokus

Со намалени цени на билетите за премиерите и претставите од редовниот репертоар, Драмскиот театар – Скопје ја отвара новата сезона.

Сашо Тасевски, новиот директор на Драмски театар, вели дека цената на билет за премиера од 400 денари е намалена на 300 денари, а за претставите што се на редовен репертоар се намалени од 300 на 200 денари. Цента на билетите за средношколци, пензионери и студенти од 150 денари останува непроменета. Цената на билетот за сите детски претсави што ќе се играат во Драмски ќе биде 150 денари.

Според него, цената на билетите се намалени бидејќи е економски неоправдано толку високи цени во услови кога голем дел од населението е со просечни и потпросечни примања.

– Се водевме од логиката дека е подобро да се продадат 10.000 билети од 200 денари, отколку 1.000 билети од 300 денари – вели Тасевски.

 

Поврзани новости