Драма во Собрание: Пратениците се обединија, заедно ја пеат македонската химна

by fokus

Во моментов се случува драма во Собранието. Имено, пратениците на СДСМ станаа и додека говореа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тие бараа да се премине на гласање за избор на спикер.

Додека стоеја, на говорница излезе Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и почна да ја пее македонската химна, на што му се придружија и пратениците од СДСМ. Сите пратеници заедно ја испеаја химната, но обединувањето траеше додека траеше и интерпретацијата на химната.

Потоа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почнаа да скандираат „Избори, избори“, а пратениците од СДСМ „Гласање, гласање“. На крај, во Собранието ечеше и „Шутка не ти бега, Никола“.

По ова, седницата продолжи, а пратениците на СДСМ останаа да стојат.

Поврзани новости