Драма во „Идризово“: Тројца затвореници качени на кров фрлаат ќерамиди

by fokus

Тројца затвореници во моментот се качени на покривот на затворот „Идризово“, од каде што во знак на револт фрлаат ќерамиди и бараат средба со директорот Ќерим Махмути.

Како што ни јавуваат од затворот, надвор пред затворската зграда се соберени сите заповедници, но тие инсистираат да разговараат со директорот, кој според соговорниците на „Фокус“, се уште не излегол надвор.

Затворениците се качиле на кровот, под кој се наоѓа амбулантата, која во моментот е оставена под ведро небо, бидејќи дел од ќерамидите завршиле во дворот на затворот.

„Фокус“ стапи во контакт со директорот Махмути, но откако му се претставивме, не замоли да почекаме, бидејќи бил зафатен, по што го прекина телефонскиот разговор.

Валентина Вурмо

Поврзани новости