Дождот противник на вмровците: Протестот заврши брзо

by fokus

По четириесетина минути откако почнаа да се собираат поддржувачите, заврши протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд со барање веднаш да се ослободат сите притворени за настаните на 27 април.

-Ги апсат под измислени обвиненија нашите браќа и сестри и тоа со едноставна цел која ја видовме. Протестиравме со песна, со македонската песна и химна и повторно сме тука со македонската песна и химна и името Македонија и повторно ќе сакаат да не апсат, како што ги уапсија нашите браќа и сестри, само затоа што си ја сакаат татковината, порача на денешниот протест Оливер Андонов.

Освен лидерот Никола Груевски, од партискиот врв беа Коце Трајановски и Влатко Ѓорчев.

Поврзани новости