Донесени измените во Изборниот законик

by fokus

Петнаесет минути по полноќ, пратениците успеаја да ги изгласаат измените во Изборниот законик, кои беа договорени меѓу четирите партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Измените беа изгласани со 92 гласа „за“, 3 „против“ и еден „воздржан“ и по скратена постапка.

На измените се противеа Солза Грчева, Павле Трајнов, како и Рафиз Алити од ДУИ. Тој рече дека со нив ќе им се ускрати правото на глас на повеќе граѓани.

 

Поврзани новости