ДОМ побара стопирање на активностите и ревизија на концесиите за рудниците Казандол и Иловица

by fokus

Партијата ДОМ денеска побара стопирање на активностите и ревизија на концесиите за рудниците Казандол и Иловица.

-Најитно треба да се решат рудниците Казандол, Валандовско и Иловица, Струмичко, кои веќе добиле концесии од Министерството за економија и се градат. Бараме стопирање на активностите и итна ревизија на нивните концесии. Основа се барањата на граѓаните во сите засегнати општини преку протести и референдуми. Аргументи се: 1) изиграна процедура за информирање на јавноста, 2) лажно претставување на божемни странски инвеститори и 3) скандалозни студии за оценка на влијанието врз животната средина, се вели во соопштението на ДОМ.

Тие додаваат дека се  против отворање цела дузина рудници во Македонија – од Петрошница во Старо Нагоричане, преку Плавица во Пробиштип, па во Кочани, Струмица, Делчево, се до Казандол во Валандово.

Поврзани новости