Дојран утре на референдум против рудниците за да се спаси езерото од загадување

by Fokus

Дојранчани утре ќе се изјаснуваат дали се за или против рудници во нивната општина, оти се плашат дека Казандол но и потенцијалниот Башибоз на Беласица се закана за екоземјоделството, туризмот но и за Езерото кое веќе преживеа една еколошка катастрофа.

Референдумот е по барање на граѓаните, откако дознаа дека можни се последици од функционирањето на комплексот Казандол кај Валандово, но и дека е доделена концесија за детални геолошки истражувања на локацијата Башибоз-Бајрамос над селото Николиќ, десетина километри од езерото.

Поврзани новости