Договорените закони на четирите политички партии влегуваат во Собрание

by fokus

Предлог законите кои претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино ги договорија пред една недела, а со кои би се отворил патот за предвремени парламентарни избори, ќе се гласаат во Собранието.

На седницата закажаназа денеска во 14.30 од спикерот на Собранието Трајко Вељаноски, на дневен ред се Предлог на закон изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Владата.

Сите предлози се по скратена постапка и се предложени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу од ДПА.

Претходно во 11 часот Собранието ќе ја одржи 109 седница за пратенички прашања.

 

Поврзани новости