До избори нема преговори за медиумите

by Фокус

Работните групи за  спроведување на Договорот од Прижино не се заинтересирани за преговори за медиумите и поради тоа до изборите нема да има преговори и средби, соопшти денеска посредникот Питер Ванхојте.

-Мислам дека нема да има средба на работните групи пред изборите. Ако една партија одбива да учествува на преговорите, бидејќи не им се допаѓа консензуалниот пристап и тоа партиите да се договорат за едно прашање, тогаш не гледам причина работната група да се состане. Проблемот со расправата за ова прашање во Собранието се однесува на тоа што на крајот сè зависи од мнозинството, а не од консензусот меѓу сите политички партии, изјави Ванхојте за Алсат М.

Поврзани новости