Директорот на „25 мај“ чувствува морална одговорност за злоставуваното девојче, но негира вмешаност на домот

by Фокус

Директорот на домот „25 мај“, Стево Соколовски, во телефонски разговор за телевизијата 24 вести вели дека чувствува морална одговорност за сексуалното злоставување на тринаесетгодишната малолетничка, но, нагласува Соколовски, ниту тој ниту некој друг од установата бил инволвиран во скандалот.

-Јас од морален аспект секако дека чувствувам одговорност и не може да ми е сеедно, апсолутно. Најодговорно тврдам дека никој од установата ниту бил инволвиран, ниту злоупотребувал деца, ниту ги наведувал на некакви негативни дејанија. Сето тоа што се случувало било надвор од установата – вели Соколовски.

Поврзани новости