Димовски: Жал ми е што Џафери го избра денот кога УЧК пукаше над Тетово, баш како ден кога треба да се гласа Законот за јазиците

by Fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара процедурално да се изјасни за прашањето за Законот за употреба на јазиците.

„Жал ми е што господинот Џафери го избра денот кога УЧК пукаше над Тетово, баш како ден кога треба да се гласа Законот за јазиците – истакна Димовски од собраниската говорница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во неколку наврати му рече на пратеникот од опозицијата дека му поминуваат минутите за процедурално, но тој продолжуваше да го обвинува дека ќе го прекршат Деловникот и ќе го уништат Собранието.

Откако неколку пати го опомени, Џафери му го исклучи микрофонот на Димовски, кој продолжи да зборува.

– Илија јас бев прекоректен, ти дадов време. Не знам зошто зборуваш кога си исклучен – додаде Џафери.

Поврзани новости