Димитров за протерувањето на рускиот дипломат: Ги штитиме сопствените безбедносни интереси

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вечерва преку својот Твитер профил го искоментира протерувањето на рускиот дипломат од земјава.

-Денеска ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија, напиша Димитров.

Претходно, руската амбасада на Твитер се огласи со ставот дека „целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“.

Поврзани новости