Димитров: Треба да ги завршиме реформите за блокадата од Грција да стане срамна

by fokus

Важно е домашните реформи да си ги завршиме темелно за да стане очигледно и срамно блокирањето на Македонија, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на Топ Тема.

-Да ги одземеме аргументите на оние кои сметаат дека блокадата кон Македонија е исправна политика. Јас лично мислам дека таа авантура со антиквизацијата беше едно неразбирање за тоа како функционира светот, давање аргументи на негативни сили, губење поддршка од земји поддржувачи.  Да ја сведеме битката за името на античката приказна е неодговорна политика, рече Димитров.

За Димитров во основа прашањето е предмет на јавна дебата. Тој вели дека одговорноста е на целата нација и дека процесот ќе заврши на референдум.

Поврзани новости