epa01229463 U.N. mediator for the name dispute between Greece and Macedonia, Matthew Nimitz (R), passes near countries' negotiators Nikola Dimitrov (L) and Adamantios Vassilakis (C) in Ohrid, Macedonia, on 21 January 2008. Greece opposes the name 'Macedonia' for its Balkan neighbor, which declared independence from Yugoslavia in 1991, saying it could imply territorial claims on Greek territory. Angered by a Skopje government decision to rename the former Yugoslav republic's main airport after the ancient Greek conqueror Alexander the Great, Greece said it was time to bring the issue back to the table. EPA/GEORGI LICOVSKI

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе бидат посветени на пронаоѓање решение за 25 годишниот спор со името.

Во интервју за Клик Плус на ТВ 21 тој истакна дека на средбата во неговиот грчки колега Никос Коѕиас одлучиле да го охрaбрат медијаторот Метју Нимиц што е можно побрзо да излезе со една првична рамка што ќе даде надеж за суштински напредок.

-Прашањето за идентитетот создава една несигурност – што сме ние од утре. Ако тоа го доведеме во прашање тогаш нема да ја надминеме оваа рамка. Прашањето како ние се чувствуваме и нашиот идентитет не смеат да бидат предмет на амин на една соседна држава ниту на една меѓународна организација – вели Димитров.

Тој посочива оти во евентуалното решение мора да се направи дистинкцијата на нашата држава Македонија и нивниот регион Македонија на начин што ќе биде достоинствен и што ќе биде прифатлив и за нас.

-Третото прашање е каде таа дистинкција ќе се применува и тн. и тие две прашања се врзани. Ќе треба доверба и со чист образ да излеземе во јавноста и да го браниме и наша заедничка одлука како граѓани – вели шефот на македонската дипломатија.

Грчки Катимерини во коментар за спорот, пак, пишува дека дека напорите за решавање на македонското прашање ќе бараат вешто маневрирање дома така и на меѓународна сцена.

„Имајќи ги предвид црвените линии, емоциите и конфронтирачката реторика со која се карактеризира политичката дебата, сигналите не се добри“, се наведува во коментарот.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.