Димитров се пожали: Неколку години бевме на маргините на политичкото внимание на ЕУ

by fokus

Иако нашиот регион географски е опкружен со земји членки на ЕУ, сепак, ние неколку години бевме на маргините на политичкото внимание на Унијата, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан што се одржува во Будимпешта.

-Ние ќе сториме се што можеме и ќе се фокусираме на реформите дома, бидејќи наша единставена цел е да ја направиме Македонија европска демократија. Нема да се караме со соседите, иако постојат искушенија, туку ќе го искористиме овој процес да научиме како да станеме европски сојузници. Сакаме да ја искористиме оваа историска можност што постои за регионот, особено за следната година и ќе сториме се за да ја убедиме секоја земја членка поединечно и Комисијата дека заслужуваме да преминеме во наредната фаза од нашето европско патување и да ги започнеме преговори со ЕУ во јуни, следната година. Македонија се соочуваше со ветар во лице изминатите години, сега би ни значело ако добиеме ветар в грб за да ви овозможиме помирни води и плодна жетва, рече Димитров.

Поврзани новости