Димитров: Новата Влада е цврсто решена од Македонија да направи европска држава

by Fokus

Новата реформска влада на Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена од земјата да направи европска Македонија, истакна новиот министер за надворешни работи Никола Димитров, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи што се одржува во Брдо кај Крањ.

– Ги убедував моите колеги дека жедтта што постои меѓу македонската јавност, меѓу граѓаните, после овој кошмар низ којшто поминавме, за силни институции, за правда, за закон над политиката е голема шанса не само за Македонија, туку и за регионот како и за самиот процес на пристапување на којшто можеме да му дадеме смисла. Шансата е во тоа што новата реформска влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена од нашата Македонија да направи европска Македонија – тврди Димитров.

Поврзани новости