Димитров: Не може Македонија да биде само наша бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави

by fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц е охрабрен да излезе со првична рамка уште следната недела.

– Се уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во синоќешното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Според него, не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави.

Поврзани новости