Димитров и Захариева го потпишаа протоколот со што стапи во сила Договорот со Бугарија

by fokus

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева денеска во Софија го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи.

Со ова официјално стапи вo сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Договорот за добрососедство го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на први август минатата година.

 

Поврзани новости