Димитров и Османи се сретнаа со Јоханес Хан во Брисел

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамките на посетата на Брисел, имаа работна средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, каде беа отворени сите прашања поврзани со европската агенда на Република Македонија.

-Нашата намера е до крајот на оваа година да испорачаме солиден напредок во имплементацијата на реформите кој би ни обезбедил отстранување на условеноста на препораката, нешто што, соодветно на испорачаните реформи, очекуваме да резултира со позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во април, следната година – истакнал Османи на средбата.

Според Османи „за нас 2018 година претставува историска шанса кога сите коцки се наредени за да го направиме клучниот исчекор и конечно да го затвориме прашањето за НАТО и ЕУ“.

Поврзани новости