Димитров: Да изградиме консензус за прашањето за името

by Фокус

Ова е Влада за спас на Македонија која ќе ја работи на пријателства, на добри односи со сите соседи, притоа грижејќи се за интересите на Македонија, порача новиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

– Ќе водиме една мудра и разумна политика заедно со опозицијата да го извлечеме прашањето за името од политичката битка да изградиме консензус и тогаш кога ќе има пристојно решение, сите заедно да застанат зад тоа решение. Името не може да биде предмет на партиска политичка битка ако сакаме тоа прашање да се затвори вистински. Меѓутоа, знаете, кога имаше обид во 2012 година од цела група на ЕУ земји членки да почне Македонија преговори, и покрај прашањето на името, тој напор го сопре „црниот понеделник“ во декември 2012 година и цела 2013 година ништо не направивме – рече Димитров.

Тој најави дека во интерес на добрососедските односи неговите први билатерални посети ќе бидат во регионот.

Поврзани новости