Димитриев: Обвинителствата да не бидат портпароли на политичките партии

by fokus

Премиерот Емил Димитриев на вечерашното oбраќање на Свечената академија по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, потенцираше дека органите на правдата мора да останат надвор од политичката битка.

Затоа, Димитриев вели дека Владата ќе ги поддржи во поглед на финансиите и во логистика, но ќе реагира ако, како што рече, почувствува политичка обоеност.

– Ангажманот на државните и специјалните органи кои оставаат впечаток на тенденциозност и пристрасност во предизборен период, покажуваат очигледна намера која македонската јавност јасно ја гледа. Специјалното јавно обвинителство и Јавното обвинителство не треба и не смеат да се претворат и да добијат улога на портпароли на политичките партии и да бидат алатки во функција на политичките агенди – рече премиерот.

Димитриев смета дека обидот на која било партија да искористи кој било орган на правдата во функција на својата политичка агенда, ќе биде контрапродуктивен, нема ништо да промени и наместо да донесе политички поен таквиот потег ќе резултира со губење на поддршка од граѓаните.

Поврзани новости