Димитриев-Коѕиас: Потребни се решенија за иднината, не за минатото

by fokus

Зголемување на довербата меѓу двете земји за надминување на отворените разлики, било главна тема на разговор на денешната средба меѓу шефот на грчката диплиматија Никос Коѕиас и премиерот Емил Димитриев.

На средбата Димитриев ја истакнал потребата од пронаоѓање сфери и области  што ќе придонесат за зближување на двете држави и за воспоставување билатерални соработки.

 -На двете земји потребни им се чекори кои ќе значат решенија за иднината, наместо решенија за минатото – порачал Димитриев.

Спорот со името не беше тема на разговор на оваа посета на Коѕиас. Тој порача дека наместо за спорови, време е барем еднаш земјите да зборуваат за соработка.

Шефот на грчката дипломатија демантира дека посетата пред избори, а претходно и неговото вето во ЕУ за обидот да се воведат санкции за Македонија, значат поддршка на актуелната власт во земјава. Тој вели дека е дојден на „покана од пријателска земја”.

Поврзани новости