Диме Спасов во трка за пратеник

by fokus

Дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов, сепак ќе влезе во изборната трка за пратенички мандат, брифираат високопартиски извори за Телма.

Со овој потег, ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе сака да прикаже дека приказната на Спасов, дека бил само жртва во сообраќајниот инцидент е единствена вистина за случајот и дека нема потреба да понесе одговорност и да се откаже од кандидатурата.

За останатите кандидати и ден пред истекот на законскиот рок за поднесување на пратеничките листи, од  владејачката ВМРО-ДПМНЕ не откриваат имиња.

Неофицијално, носители на листите ќе бидат Никола Груевски, Никола Поповски, Илија Димовски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев.

Листите со кандидатите за пратеници мораат да ги достават до Државната изборна комисија најдоцна до утре на полноќ, а не е исклучена можноста истите да ги промовираат пред јавност во текот на викендот.

Поврзани новости