Диме Спасов се закани со тужби за медиумите

by fokus

По синоќешната информација дека дополнителниот заменик министер за труд и социјала, Диме Спасов, имал сообраќајна несреќа, односно, околу полноќ со службеното возило удрил во неколку паркирани автомобили, со реакција се јавија од кабинетот на Спасов и се заканија со тужби за медиумите.

-Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последници” должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика. Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несрека со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината, се вели во реакцијата објавена на официјална фејсбук страница на Спасов.

Од реакцијата не може да се заклучи дали Спасов демантира дека воопшто учествувал во сообраќајна незгода или пак само според негова оценка истата се случила, ама не била „тешка“.

Поврзани новости