ДИК теренски ќе проверува 110.440 спорни гласачи

by Фокус

Државната изборна комисија синоќа одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 спорни гласачи, додека дополнително ќе одлучи дали теренски ќе проверува уште 62.837 лица, откако претходно за нив ќе се изврши административна проверка.

Исто така, админстративно треба да се проверат податоците и за  35.859 избирачи кои најверојатно се починати.

За 124.027 гласачи кои најверојатно се на привремена работа или престој во странство, нема да има проверки бидејќи и покрај тоа имаат право на глас и тие не се спорни гласачи.

Поврзани новости