ДИК: Немаме право да предложиме прекројување на изборните единици

by fokus

Државната изборна комисија нема право да предложи измена или дополнување на некој закон, изјави портпаролот на ДИК Адми Шабани, одговарајќи на прашање за нееднаквоста на бројот на гласачи во изборните единици, поточно во шестата изборна единица.

-ДИК работи и ги спроведува изборите според законските одредби од изборниот законик – додаде Шабани, на денешната презентација на онлајн апликацијата за регистрација на гласачите од дијаспората.

Сепак, Комисијата уште пред два месеци го предупреди Собранието и министерството за правда дека шестата изборна единица е незаконска, но никој не презеде ништо.

На последната собраниска седница, предлогот за изнаоѓање решение за вишокот гласачи во “шестката” беше отфрлен од пратениците и не се најде на дневен ред.

Опозициската СДСМ вината за незаконската „шестка” ја префрлаат кај власта бидејќи одбивала да најде решение. Лидерот ДУИ, Мендух Тачи и покрај тоа што во неколку наврати инсистираше на решавање на проблемот во шестата изборна единица,  се откажа од инсистирањата. ДПА пак, единствено веќе најавија дека нема да ги признаат резултатите од изборите доколку не се решат отворените прашања за изборните единици.

Поврзани новости