ДИК ќе усвои роковник за локалните избори

by Фокус

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која треба да го разгледа и усвои предлог-роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на локалните избори што треба да се оддржат на 15 октомври 2017 година.

Воедно, на дневен ред на седницата на ДИК се и барањата до Министерство за внатрешни работи и Министерството за информатичко општество и администрација, кои имаат низа надлежности на изборите согласно Изборниот законик, поврзани со изготвувањето на избирачкиот список, односно формирањето на избирачките одбори.

Инаку, претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го потпиша Решението за распишување на Локалните избори, кои според законските одредби, ќе се одржат на 15 октомври годинава, а две недели подоцна ќе се оддржи вториот круг за избор на градоначалчник во општините каде нема да биде избран во првиот круг.

Поврзани новости