ДИК: Граѓаните може да гласаат само со важечка лична карта или пасош

by Fokus

Граѓаните кои се запишани во Избирачкиот список, а на кои рокот на важност на документот за лична идентификација им истекува помеѓу двата изборни круга на локалните избори 2017 година, во вториот изборен круг што ќе се одржи на 29 октомври, можат да гласаат единствено со важечка лична карта или патна исправа, информираат од Државната изборна комисија.

Граѓаните, како што посочуваат од ДИК, кои сакаат да го остварат своето избирачко право во вториот изборен круг за избор на градоначалник на општината, треба веднаш да извадат нова лична карта или патна исправа.

Поврзани новости