ДИК го усвои извештајот од вкрстената проверка – спорни се 310.000 гласачи

by Фокус

Државната изборна комисија едногласно го усвои експертскиот извештај од вкрстената проверка на Избирачкиот список, односно на базите со податоци на Министерството за внатрешни работи и на десет други институции.

Анализата покажала дека некознистентни се податоците што се однесуваат на околу 310.000 гласачи, објави Телма.

Претходната бројка што излезе во јавноста, од безмалку половина милион спорни гласачи, повеќе членови на ДИК ја објасниле како земена од прелиминарниот извештај, во кој споредбата била правена со базата на државјани на Македонија, а не според базата на МВР, која е помала за 120.000 луѓе.

Поврзани новости