ДИК: Досега се пријавиле 397 од спорните гласачи

by Фокус

Државната изборна комисија соопшти дека денеска до 13:00 часот се пријавиле вкупно 397 гласачи, чии што записи во Избирачкиот список се прогласени за спорни по извршените вкрстени и теренски проверки.

Притоа, 86 од нив се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 311 преку веб апликацијата на Државната изборна комисија.

Според последниот договор меѓу партиите потписнички на Пржино, со Изборниот законик се даде можност Комисијата да ги брише спорните 39.502 лица гласачи од списокот што нема да се пријават и да го докажат своето право на глас до 19 август.

Поврзани новости